Насловна
Дерби средбата меѓу екипите на основните училишта Круме Кепески и Кузман Шапкарев само ја потврди прогнозата дека овие две екипи до крајот на сезоната ќе се борат за шампионската титула. Интересно е дека избраниците на тренерот Драгољуб Ѓорѓевиќ на полувремето имаа предност од 4:1, но сепак на крајот од средбата, со пресврт славеа домаќините со 5:4. Во второто коло Кузман Шапкарев со 4:0 славеше над Партенија Зографски, додека избраниците на тренерот Игор Зафировски го претрпеа првиот пораз од Рајко Жинзифов со 3:1.
Полни трибини, на теренот мотиви за докажување на спортскиот талент, одигрување на натпревари, кои се над просекот за училишен спорт. Тоа накратко ја отсликува новата сезона во училишниот спорт во општина Кисела Вода. Инаку, кошаркарската лига започна во знакот на шампионите ОУ Невена Георгиева Дуња. Избраниците на тренерот Вангел Сувариев во првите две кола беа доминантни во средбите со Партение Зографски и Кузман Шапкарев. Во првата средба ,, Дуња“ со 42:21 славеше над ,,просветителите“, додека во второто коло беа совладани и ,,драчевци“ со 42:14. Мора да се истакне дека добра екипа има формирано и ОУ Рајко Жинзифов. Тие во второто коло ја совладаа борбената екипа на ОУ Кирил Пејчиновиќ, и оттука избраниците на тренерот Јовица Ефтовски ја најавија борбата за челната позиција на табелата.
Во насока на создавање на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните, Општина Кисела Вода ги продолжи активностите за носење на неколку клучни урбанистички планови. Имено, деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј10, Општина Кисела Вода, плански период 2013-2018, кој е со граници на планскиот опфат помеѓу улиците ”Христо Татарчев” (поранешна “Сава Ковачевиќ”), “Народни Херои”, “Димо Хаџи Димов” и булеварот “Есенинова” e повторно на јавна расправа.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска извршија обиколка на улицата “Жарко Зрењанин” во населбата Драчево, каде финишираа градежните активности за изградба на атмосферска канализација на овој дел од населбата Драчево.
Повеќе: Финализирана атмосферската канализација на ул. “Жарко Зрењанин”
Во недела (20.10.2013), во 12:30 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ќе извршат обиколка на улицата “Жарко Зрењанин” во нас. Драчево, на која се изгради атмосферска канализација.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.