Насловна
Забавна и традиционална македонска музика ќе понуди културното лето “Бранувано културно Три круши 2013-то лето” престојниот викенд. Имено, утревечер (12.07.) на верско-рекреативниот центар “Три круши” во Драчево, со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи групата “Фортуна”.
Во сабота пак, во паркот “Шопен” во истиот термин концерт ќе одржи Драган Даутовски квартет.
Влезот за граѓаните е отворен.
Со денешното доделување на 43 нови решенија за легализација на бесправно изградени објекти, бројот на решени предмети за легализација во Општина Кисела Вода се качи на 1797. До законски утврдениот рок во општината пристигнаа вкупно 11.872 предмети, од кои 4 предмети се одбиени, 24 предмети се препратени во надлежност на други општини, 16 предмети се примени од други општини, 5.093 се во административна постапка, а 4.985 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација (најчесто недостасува Геодетски елаборат). Тоа на денешното јавно доделување на решенија за легализација, го потенцираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ.
Повеќе: 15 проценти од дивоградбите во Кисела Вода се легализирани
Во среда (10.07.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:30 часот, градоначалникот на Општина Кисела Вода ќе додели решенија за легализација на дивоизградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Сите ударни дупки по сервисните улици на територија на општина Кисела Вода од денес ќе се санираат. Тоа на денешната прес-конференција, од населбата Бирарија, го најави градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ.
-“Акцијата паралелно ќе се реализира во сите 14 месни и урбани заедници, за што на барање на општината, фирмата изведувач формираше 4 оперативни групи кои ќе дејствуваат во четири реони низ општината” - истакна Беличанец-Алексиќ.
Повеќе: Започна акција за крпење на ударни дупки во Кисела Вода
Во вторник (09.07.2013), градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ ќе одржи прес-конференција по повод започнување на акцијата за крпење и санација на ударни дупки низ целата територија на општината.