Насловна
На 54-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 31.08.2017 година, беа усвоени следните точки:
-Усвојување на Записникот од 53-та пленарна седница на Советот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1.Годишен извештај за работата на О.О.У.,,Кузман Јосифовски-Питу,, за учебната 2016-2017 година;
2.Годишен извештај за работата на О.О.У.,,Кирил Пејчиновиќ,, за учебната 2016-2017 година;
3.Годишен извештај за работата на О.О.У.,,Партенија Зографски,, за учебната 2016-2017 година;
4.Годишен извештај за работата и постигнатите резултати на О.О.У.,,НевенаГеоргиева-Дуња,, за учебната 2016-2017 година;
5.Годишен извештај за работата на O.О.У.,,Кузман Шапкарев,, за учебната 2016-2017 година;
6.Годишен извештај за работата на O.О.У.,,Рајко Жинзифов,, за учебната 2016-2017 година;
7.Годишен извештај за воспитно-образовната работа на O.О.У.,,Св. Климент Охридски,, за учебната 2016-2017 година;
8.Годишен извештај за работата на O.О.У.,,Круме Кепески,, за учебната 2016-2017 година;
9.Предлог – Одлука за измена на Одлуката за формирање на паралелка за ученици со посебни образовни потреби во состав на ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ Кисела Вода - Скопје;
10. Предлог-Одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје на Никола Бадев;
11. Предлог-Одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје на Пеце Атанасовски;
12. Квартални извештаи К1,К2 и К3 за вториот квартал од 2017 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2017 година до 30.06.2017 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирен обврски на Општина Кисела Вода; -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
13. Предлог - Решение за изменување и дополнување на Решението за избор на претседател и членови на постојаните комисии на Советот на Општина Кисела Вода;
14.Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и град Скопје за изработка на проектна документација за ул.Христо Татарчев крак 11(КП 4932 и други) и ул.Христо Татарчев крак 1 (КП 6849/1 и други);
15. Советнички прашања;