Се обновуваат санитарните јазли во ООУ "Кузман Шапкарев"

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Интензивно тече санацијата на санитарните јазли во ООУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево коja отпочна во втората половина на јануари, годинава. Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, изврши увид во градежните активности  во училишниот објект каде се санираат вкупно 8 санитарни јазли со преку 30 тоалети.

Се работи за дел од проектот на МОН за изведба на рехабилитација на тринаесет училишта во Република Македонија и истиот треба да финишира за најмногу 6 месеци. Вредноста на реконструктивните зафати изнесува 5.156.765,91 денари со вклучен ДДВ, средства обезбедени од Министерството за образование и наука.

Претходно, во текот на минатата година, Општина Кисела Вода обезбеди средства со кои во ова училиште беше поставена термоенергетската фасада, на површина од 3.141 м2, а делумно беше заменета и кровната конструкција.

Во  ООУ “Кузман Шапкарев” во населбата Драчево настава посетуваат 660 ученици. Училишниот објект датира од 1971 година.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK