Новости

Покана до медиуми

Рејтинг на корисник:  / 1

Во четврток, (12.09.2013), во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе ги додели сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија обуките за стекнување претприемнички вештини, вештини за вработување и ИТ-вештини, во организација на Општина Кисела Вода и Центарот за жени претприемачи – Скопје.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Дел од Кисела Вода денес без струја

Рејтинг на корисник:  / 1

Во периодот од 8.30 до 12 часот, денес без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „Сава Ковачевиќ“ и „1“ кај фабриката „Прогрес“ во општина Кисела Вода. Во истиот период без струја ќе бидат жителите од улиците „Саса“ и „1“ во населбата Пинтија.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.

Се пушти во употреба водоводот во Пинтија

Рејтинг на корисник:  / 5

Големите празници се одбележуваат со големи настани.  22-годишнината од независноста на Република Македонија, жителите на Пинтија ќе ја паметат по реализацијата на капиталниот проект за нова водоводна мрежа за оваа населба во должина од околу 10 километри.

Со денешното официјализирање и свечено пуштање во употреба на капиталниот проект за нова водоводна мрежа, кое се совпадна со големиот државен празник “8-ми Септември” и Општина Кисела Вода даде скромен удел во чествувањето на Денот на независноста на Македонија. 

Повеќе: Се пушти во употреба водоводот во Пинтија

Жителите на Усје и Драчево добија нови детски игралиштa

Рејтинг на корисник:  / 4

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ денеска свечено предаде на користење две нови детски забавни игралишта. Првото е донација од компанијата Цементарница Усје – Титан и е поставено на улицата “Малешевска” во населбата Драчево. Вториот забавен парк се изгради во населбата Усје и е инвестиција на општината Кисела Вода.

Повеќе: Жителите на Усје и Драчево добија нови детски игралиштa

Покана до медиуми

Рејтинг на корисник:  / 1

Во недела (08.09.2013 година), со почеток во 12:00 часот, на улицата “Борис Трајковски” на влезот на населбата Пинтија (до автобуската станица, во близина на семафорите) ќе се пушти во употреба новата водоводна мрежа за населбата Пинтија. На свеченоста ќе присуствуваат вице-премиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ и претставник на Светска банка во Република Македонија.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Четвртоодделенците од ООУ "Рајко Жинзифов" ја посетија Општина Кисела Вода https://t.co/Pearp0WXcI
O_KiselaVoda Мамци против штетни глодари поставени во 3863 шахти низ цела Општина Кисела Вода https://t.co/FjQDzViFU9
O_KiselaVoda Утре без струја дел од ул. Рилски конгрес https://t.co/wHBSGHook9