Новости

Покана до медиуми

Рејтинг на корисник:  / 0

Во вторник, (26.11.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Се поплочуваат сервисни улици во Припор

Рејтинг на корисник:  / 1

Општина Кисела Вода продолжува со интензивните градежни активности за подобрување на локалната патна и комунална инфраструктура на нејзината територија. Имено, деновиве екипи на фирмата “Пелагонија А.Д. Гостивар”, по налог на општината започнаа со изработка на коловоз, односно поплочување со павер елементи и висинско подигање на шахти со павер елементи на неколку сервисни улици на подрачјето на населбата Припор.

Повеќе: Се поплочуваат сервисни улици во Припор

Се одржа работилница за побезбедна храна во воспитно-образовните институции во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 4

Денес, во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа работилница за контрола на безбедноста и квалитетот на храната во воспитно-образовните институции во Кисела Вода, во организација на општината Кисела Вода, а со поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје – Скопје и Вита Диет клубот од Скопје.

На настанот, пред државниот секретар во министерството за образование и наука и воспитнио-образовниот и менаџерскиот тим од основните училишта и градинките од Кисела Вода, се обрати и иницијаторот на работилницата, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, која потенцираше дека локалната самоуправа со оваа иницијатива отпочнува со реализација на низа проекти со кои ќе се подигне јавната свест, најпрвин кај воспитно-образовниот кадар, а потоа и кај родителите за значајноста на здравата исхрана кај нашите деца.

Повеќе: Се одржа работилница за побезбедна храна во воспитно-образовните институции во Кисела Вода

“Садиме бели рози за почиста средина за живеење”

Рејтинг на корисник:  / 4

Лионс клуб центарот од Скопје вчера се приклучи кон акцијата на Лионс дистрикт 132 Македонија, симболично наречена “Садиме бели рози за почиста средина за живеење”. Акцијата се реализираше во Општина Кисела Вода, со донација од 100 бели рози кои се засадија на три локации во Општина Кисела Вода: паркот “Фредерик Шопен”, дворот на градинката “Мимоза” и дворот на ОУ “Кирил Пејчиновиќ”.

Повеќе: “Садиме бели рози за почиста средина за живеење”

Поголем број улици во Кисела Вода без струја

Рејтинг на корисник:  / 0

Поголем број сервисни улици во општината Кисела Вода денеска, во одредени период од денот, ќе останат без струја. Така од 09:00 до 12:00 часот струја ќе нема на улиците “Јакупица” и “Аилска” во Кисела Вода, а од 08:00 до 15:30  улиците 32, 30 и 18, во Пинтија.  Во периодот од 08:30 до 10:30 прекин ќе има и на улица “Сава Ковачевиќ” и улицата 14 во општината Кисела Вода.

Според ЕВН Македонија, прекините се прават за изведување зафати и подобрување на електродистрибутивната мрежа.

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Целосна реконструкција на тоалетите во објектот "Сончоглед" при ЈДГ „Весели Цветови“ https://t.co/fiuJXesfmJ
16hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Дел од населба Драчево без вода https://t.co/IFMxedZnAE
O_KiselaVoda "Соседска патрола" низ Oпштина Кисела Вода за поголема безбедност на граѓаните https://t.co/rXhNry8jkm