Новости
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со повеќе советници, дел од општинската администрација, денес беше во новиот парк во населбата Расадник.
Повеќе: Општина Кисела Вода засади дрвца во новиот парк во Расадник по повод "Денот на дрвото"
Вчера, во просториите на општина Бутел, беше одржана 5-та работна средба на претседателите на Совети на Општините во скопскиот регион кои членуваат во Комитетот на Совети при ЗЕЛС.
Повеќе: Одржана 5-та работна средба на претседателите на Совети на Општините во скопскиот регион
По информација добиена од од ЈП „Водовод и канализација“, општина Кисела Вода известува дека дел од жителите од населбите 11 Октомври и Кисела Вода, утре од 9 часот ќе бидат без вода. Прекинот во водоснабдувањето е поради вметнување затворач на крстосницата меѓу улиците „Спиро Гулапчев“ и „Борис Трајковски“, во периодот од 9 часот се до завршување на работите.
40 ваучери за новороденчиња денес додели општина Кисела Вода. Од нив 20 беа за машки, а 20 за новородени женски дечиња. Со тоа бројот на ваучери со еднократна парична помош кои оваа локална самоуправа редовно ги доделува за своите нови жители се искачи на 1246. Се работи за проект од програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода, донесена по предлог на градоначалникот на општината Билјана Беличанец-Алексиќ, а едногласно поддржана од Советот на општината.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели 40 нови ваучери за новороденчиња
И викендов, интензивно течат активностите на градежната фирма “Бетон”, за реконструкција на улицата “Mишко Михајловски”. Во текот на денешниот ден, ќе заврши нејзиното асфалтирање во должина од околу 350 метри, а паралелно се работи и на санација на тротоарите. Се поставуваат нови рабници и бекатон плочи.
Повеќе: Интензивни градежни активности на улицата „Мишко Михајловски” во општина Кисела Вода