Новости
Со обука за вработените во градинката “8 Март” започна нов пилот проект за прва помош во градинките, од страна на НВО “Линк Акрос”, во соработка со ЈДГ “8 Март” и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
Повеќе: Обука за прва помош за вработените во градинката “8 Март” во Кисела Вода
Во пресрет на одбележувањето на 60-тиот роденден, општина Кисела Вода распиша конкурс за избор на нови грб и знаме, како и поздравна песна со мотиви кои ќе го отсликуваат нејзиниот идентитет.
Повеќе: Општина Кисела Вода ќе се ребрендира по повод 60-тиот роденден
По повод кампањата за безбедност на децата во сообраќајот, организирана од страна на претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски и Министерството за внатрешни работи, со поддршка од општина Кисела Вода и градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ, во ОУ „Св Климент Охридски“, во село Драчево се одржа сообраќајно - едукативно предавање со цел, за запознавање на децата со основните правила и прописи во сообраќајот.
Повеќе: Кампањата „Недела на пешаците“ со поддршка од општина Кисела Вода
Проекот СПОРТУВАМЕ, НАВИВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ во соработка на ПС ОН Кисела Вода, општина Кисела Вода како и основните и средните училишта кои гравитираат на територија на општината денес со одржувањето на јавна трибина на тема „Недостојно однесување на спортските натпревари од страна на малолетници – деца и нарушување на јавен ред и мир“, отпочна со реализација.
Повеќе: Мултидисциплинарен проект “ СПОРТУВАМЕ НАВИВАМЕ ДРУГАРУВАМЕ
„Да им дадеме пример на децата како да се однесуваат во сообраќајот“ беше насловена трибината одржана во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, општина Кисела Вода организирана од Републичкиот совет за безбедност на патиштата со поддршка од општина Кисела Вода.
Повеќе: Одржана трибина за поголема безбедност на децата во сообраќајот