Насловна
Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со дел од општинската администрација, со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и дел од членовите на Советот, Јасна Саздовска, Зоран Ацевски, Тодор Костадиновски, Весна Петковска и Марина Чорбеска учествуваше во спроведување на акција за чистење на територијата на локалната самоуправа.
Денеска во Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија“, во организација и во рамки на натпреварувањата на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа последните финални кошаркарски натпревари.
Утре, среда, 24.04.2019, со почеток во 10 часот, Општина Кисела Вода заедно со ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и градот Скопје, организира масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата ќе се одвива на повеќе локации низ цела Општина Кисела Вода, а собирно место ќе биде платото пред ресторанот “Ексклузив”.
Активностите на Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ за собирање на кабаст отпад и електрoнска опрема продолжуваат да се одвиваат на територијата на локалната самоуправа.
Повеќе: Во Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик се собира кабаст отпад
По повод големиот христијански празник католички Велигден, денеска претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски го посетија католичкиот манастир на сестрите Мисионерки на Љубовта лоциран на територијата на локалната самоуправа.