Насловна
На Дваесет и четвртата пленарна седница која се одржа денес 12 април 2019 година беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ја одржa Дваесет и четвртата пленарна седница
Денес секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и Зоран Ацевски, член на Советот на Општината беа во посета на една од најстарите цркви во Скопје, црквата Св. Ѓорги, лоцирана во урбаната заедница Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода пред Велигден ќе им помогне на црквите Св. Ѓорги и Св. Никита
Општина Кисела Вода работејќи во насока на подобрување на условите за живот на своите жители во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ започна со реконструкција на 350 метри водоводна мрежа во месната заедница Усје.
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Дваесет и четвртата пленарна седница на 12 април 2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 23-тата пленарна седница
1.Нацрт на Статутарна Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Кисела Вода;
2.Предлог-Одлука за прогласување ерозивни подрачја и подрачја загрозени од ерозија во Општина Кисела Вода;
3.Предлог-Одлука за одобрување на Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски до 30.09.2018 година;
4.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година;
5.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала за седници во барака бр. 7, Општина Кисела Вода.
Ученици од различни одделенија, од општинските основни училишта: „Круме Кепески“, „Кузман Шапкарев“ и „Рајко Жинзифов“, денеска имаа можност во просториите на Општина Кисела Вода да се запознаат со нејзиното функционирање.