Насловна
Рекоструирано е детското игралиште кое се наоѓа помеѓу улиците “Христо Татарчев” и “Козјак” во населбата Кисела Вода.
Повеќе: Дечињата од Кисела Вода добија ново современо детско катче
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита големиот Христијански празник „Св. Климент Охридски“.
Завршија градежните активности на улицата “Иван Козаров”. Во изминатиот период на оваа локација се работеше на реконструкција на тротоарите и изградба на паркинг простор. На една од најфреквентните улици во Кисела Вода, е извршено и бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, а со поставување на нови сливници, решен е и проблемот со атмосферската вода која по обилни дождови се задржуваше на оваа улица.
Повеќе: Јапонски цреши ќе ја красат реновираната “Иван Козаров”
Изградбата на трета фаза од проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улицата “Сердарот” во селото Драчево што е во реализација на ЈП Водовод и канализација е во тек. Екипите интензивно работат на поставување на полиетиленски цевки со должина од околу 305 метри.
Нови 45 решенија за легализација на дивоградбите од овој дел на градот денес додели градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ. Со тоа, бројот на семејства кои добија правен статус за дивоизградените објекти, се искачи на 4307.
Повеќе: 4307 легализирани објекти досега во општина Кисела Вода