Новости
Нов циклус посети на месните и урбаните заедници во општина Кисела Вода, започнува градоначалникот на Oпштина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот, секретарот на Општината и раководителите на сите сектори во Oпштината.
Повеќе: Започнува нов циклус посети на месните и урбаните заедници во Општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода работејќи во насока на унапредување на спортот на иницијатива на градоначалникот Филип Темелковски објави јавен оглас за доделување на материјална поддршка на спортските субјекти кои опстојуваат на нејзината територија.
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита 23 - ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Повеќе: Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат поторшувачите од ул. Малешевска, во Драчево. Додека, во периодот од 13:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат потрошувачите од ул. 1439, во населба Пинтија.
Општина Кисела Вода за првпат во сите основни училишта кои се под нејзина надлежност ги презема трошоците за физичко и патролно обезбедување на учениците и објектите. Претходно оваа обврска беше на товар на родителите.
Повеќе: Основните училишта во Кисела Вода ќе бидат побезбедни