Новости
Организирана акција за чистење на одводните канали се одвиваше денес во општина Кисела Вода. Активностите се одвиваа на територија на целата општина преку истурените канцеларии на Секторот за месни заедници и социјална заштита на Општина Кисела Вода.
Повеќе: Акција за чистење на одводните канали во општина Кисела Вода
Денес градоначалникот на општина Кисела Вода додели 37 ваучери во износ од 6000 илјади денари за новородените бебиња во општината. Бројот на семејства кои досега ја искористиле еднократната парична помош се искачи на 1562.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели нови ваучери за новороденчиња
На 43-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 30.08.2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 43-та пленарна седница
Ве известуваме дека четириесет и третата пленарна седница на советот на општина Кисела Вода ќе се одржи на 30 август 2016 година со почеток во 11:00 часот.
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 43-та пленарна седница
Завршницата на 37-мото издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал се одржа во саботата, во Паркот на бранителите во населбата Драчево. Годинава на оваа манифестација која е во организација на АКУД “Мирче Ацев”, а со поддршка од општина Кисела Вода, покрај организаторот, настапија фолклорни друштва од Полска, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија.