Новости
Oпштина Кисела Вода ги известува граѓаните дека утре во временскиот период од 09:00 до 11:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Китка бр. 37, а во период од 12:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Христо Татарчев, подулица бр. 26. Како што информира РЦУК - Скопје, прекините ќе бидат поради технички зафати во електросистемот.
Мерките на Владата насочени кон поттикнување на инвестиции во капацитети за сместување на стари лица даваат резултат. Досега со користење на поволностите се отворени 21 приватен дом во Р.Македонија кој го зголемија капацитетот за сместување на стари лица а воедно влијаеа и врз намалувањето на невработеноста и отворија нови 285 работни места.Ова го истакна Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска, кој заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, присуствуваше на отворањето на 21-от приватен дом за стари лица Лабос во Кисела Вода и најави дека уште шест нови приватни домови за стари лица се во постапка на основање и набрзо се очекува да почнат со својата дејност.
Повеќе: Отворен нов приватен Дом за згрижување на стари лица во општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода започна со изведба на проект за реконструкција на коловозот и тротоарите на ул.”Христо Узунов” во населбата Црниче.
Повеќе: Се реконструира ул.”Христо Узунов” во населба Црниче
Општина Кисела Вода започна со изведба на проект за реконструкција на коловозот и тротоарите на ул.”Христо Узунов” во населбата Црниче. Градежните активности ќе опфатат реконструкција на постоечкиот оштетен асфалтен коловоз во должина од 200 метри. Согласно проектот, на потегот помеѓу улицитe “Востаничка” и “Партение Зографски”, каде се протега оваа улица, ќе се изврши и реконструкција на постоечките тротоари. Истите ќе бидат поплочени со бехатон плочи. Се работи за една од најфреквентвите улици, која со својот централен дел ги поврзува населбите Црниче и Пржино. Нејзината реконструкција е целосна инвестиција на општина Кисела Вода. Апелираме за трпение и разбирање од страна на жителите во наредните два месеци додека траат градежните зафати на фирмата изведувач.