Новости
Принцези, Бетмени, индијанки, Елса, Маша, капетан Америка, вештерки, денес дефилираа низ улиците на Кисела Вода.
Повеќе: Првоаприлски маски низ улиците на општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода информира дека, заради истекот на продолжениот рок за поднесување барања за легализација на бесправно изградени објекти, во вторник и среда, на 29 и 30 март, барањата ќе ги прима до 20 часот, додека во четврток, на 31 март, до 24 часот. Граѓаните потребната документација можат да ја достават во архивата на општина Кисела Вода, сместена во барака 6, при општина Кисела Вода.
Согласно законските измени, за новоподнесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година.
Општина Кисела Вода од денес, спроведува дератизација на јавните површини на нејзината територија. Постапката за уништување на глодарите започна од урбаната заедница Пржино, а со истата, во наредните две седмици ќе бидат опфатени јавните површини и низ останатите месни и урбани заедници низ општината.
Повеќе: Општина Кисела Вода започна со пролетна дератизација
Поради взаемен интерес, и на општината и на компаниите, општина Кисела Вода упатува повик до сите фирми и претпријатија на оваа територија да достават кус текст за профилот на компанијата, со цел изготвување на регистар на компании од овој дел на градот. Евиденцијата на правните субјекти е во насока на унапредување на деловната клима и бизнис опкружувањето, како и на поттикнувањето на деловното планирање на секој потенцијален инвеститор. По неговото изготвување, регистарот на фирми и претпријатија ќе биде достапен на веб страницата на општина Кисела Вода. На овој начин, со взаемно интегрирани сили, правиме заеднички чекор до брза и ефикасна комуникација.
Краткиот текст за профилот на компанијата треба се испрати на следната е-маил адреса:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Почитта кон христијанските вредности, радоста кон животот, љубовта кон Бога и ближниот и во овие празнични денови нека бидат присутни во секој дом во кој се слави победата на животот над смртта, симболот на Велигден. Со желби за убави и среќни мигови, на сите верници со католичка вероисповед, општина Кисела Вода им посакува среќни Велигденски празници!