Насловна
Жителите на Општина Кисела Вода, како и сите љубители на спортот денес и утре ќе имаат можност бесплатно да проследат повеќе спортски нaтпревари. Овој викенд во Кисела Вода ќе се игра ракомет и кошарка. Покрај ова, публиката ќе има можност да ужива и во боречките вештини на повеќе каратисти, кои ќе допатуваат од неколку држави.
Повеќе: Денес и утре неколку спортски настани во Кисела Вода
Градоначалникот Филип Темелковски вечерва ќе оствари работна средба со граѓаните од урбаната заедница 11 Октомври – згради. Истата ќе се одржи во просториите на Општина Кисела Вода, барака број 7, со почеток во 19 часот.
На осмата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес, 09 март 2018 година (петок), беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ја одржa осмата пленарна седница
Љубителите на каратето утре во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ ќе имаат можност да го проследат Меѓунродниот карате турнир „Фунакоши Гичин“.
Повеќе: Во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ утре ќе се одржи Меѓународен карате турнир
Вчеравечер градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски одржа состанок со жителите на месната заедница Припор. Градоначалникот Темелковски и на оваа средба беше придружуван од страна на секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, советници, дел од тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, како и претставници од полициската станица Кисела Вода.
Повеќе: Градоначалникот Темелковски оствари средба и со жителите на МЗ Припор