Новости
По добиено известување од РЦУК - Скопје, Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 10:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците на дел од ул. Рилски конгрес.
Општина Кисела Вода информира дека денес од 10:00 часот без вода ќе останат корисниците од втора зона Припор.
Љубителите на спортот во сабота и недела во Кисела Вода ќе имаат можност бесплатно да проследат повеќе спортски настани.
Општина Кисела Вода денес додели нови 60 ваучери за семејствата со новороденче од овој дел на градот. Од нив 34 беа за женски, а 26 за новородени машки дечиња. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на Oпштината.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели нови 60 ваучери за новороденчиња
Пролетната дератизација која Општина Кисела Вода ја започна пред две седмици продолжува да се одвива на цела територија на општината. Со истата досега беа опфатени 688 шахти во населбата Драчево, село Драчево и Пинтија.
Повеќе: Со пролетната дератизација во Кисела Вода досега се опфатени 688 шахти